„Лилијан Бетанкур почина тивко во нејзиниот дом, на 21 октомври ќе наполнеше 95 години.“ изјави  нејзината ќерка Франсоа Бетанкур Мејерс.

Богатството на Лилијан Бетанкур во Лореал, според проценката на американското списание Форбс изнесува околу 40 милијарди долари и оваа година таа беше прогласена за најбогатата жена во светот и беше 14. на листата вкупно.

Лилијан боледуваше од Алцхајмерова болест и се повлече од јавноста во 2012. година во исто време кога го напушти и одборот на директори на Лореал, и сите менаџерски позиции во компанијата.

Лилијан Бетанкур е родена во Париз во 1922. година и пораснала со доминиканските монаси. Нејзината мајка, пијанист, умрела кога имала пет години. Десет години подоцна таа ги презеде првите чекори во Лореал. Лилијан Бетанкур беше  продолжувач на делото на нејзиниот татко Еуген Шилер, основачот на компанијата.