Лигата на европските фудбалски шампионите вечерва донесува продолжение на осминафиналето. Време е за првите средби на Баерн со Бешикташ и на Челзи со Барселона. Тоа се петтата и шестата двојка, по што утре за затворање на првиот круг ќе се игра и на двобоите: Севиља-Манчестер Јунајтед односно Шахтјор-Рома. Што се однесува до вечерашните. Германците се големи фаворити и за воведните 90 и за вкупните 180 минути иако треба да се потсети дека тие сезонава не блескаат како во претходните, а дека Турците беа први во својот состав во групниот сегмент. Во англиско-шпанската пресметка е далеку посложено зошто Челзи е стар првак од Премиер, а Барселона ќе биде нов во Примера лигата. Лондонските сини се во вртоглав пад, а каталонците во страшен подем, па и покрај тоа се е отворено во мечот во Лондон кој, како и тој во Минхен започнува во 20.45.