Промена на планот, нејасно зошто Нимиц се откажа од дводневни преговори за името

Обединетите Нации попладнево објавија дека медијаторот Нимиц ќе информира за средбата со македонскиот и грчкиот преговарач во спорот за името во текот на утрешниот ден.

Со тоа пропанда планот кој го најави и Нимиц преку ОН а кој го потврди премиерот Заев кој пред неколку дена по средбата со амабсадорот Наумовски најави дека новите преговори започнуваат во понеделник во Брисел.

Според најновите информации воопшто ќе нема посебни средби на македонскиот и грчкиот преговарачки тим со медијаторот туку сите дилени ќе бидат решавани на една средба на која што ќе учествуваат сите страни.

Дали тоа значи дека на Нимиц носи конкретни предлози ќе се знае утре попладне кога тој ќе одржи прес конфенренција во Брисел