Протераните Чами од Грција бараат извинување

Албанската заедница Чами, избркана од Грција по Втората светска војна, денес побара Грција да се извини за она што тие го нарекуваат геноцид против нив и да им се дозволи да се вратат во областа во северна Грција од каде биле протерани.

Грција, која го отфрла прашањето на Чамите како непостоечко, и соседна Албанија, започнаа разговори за голем број прашања, вклучувајќи го прашањето за границите и за законот за воена состојба кој сé уште е во сила во Грција, откако Италија ја нападна Албанија во Втората светска војна.

Целта е Албанија да нема пречки за почеток на пристапните преговори со Европската унија, јавува „Катимерини“.

Чамите се лути поради тоа што нивните барања и дека Тирана и Атина би можеле да се согласат да ги отфрлат термините како Чемерија и Северен Епир, името  што Албанците го користат за териториите во Грција и во Албанија.

Обраќајќи се на митингот од неколку илјади Чами пред комплексот каде што се наоѓа грчката амбасада, Шпетим Идризи, лидерот на партијата на Чамите, изјави дека прво сакаат „извинување за илјадници Чами убиени дома, а не на бојното поле“ .

„Ние Албанци од Чемерија не сакаме одмазда, не сакаме промена на границите, сакаме извинување за да можеме да простиме, а двата народи да можат да живеат мирно ккако и да се вратиме да живееме во нашите домови“ – рече Идризи.

Идризи уште додаде дека Чамите сакаат да се вратат во нивните домови,  да го вратат статусот што го имае пред да бидат протерани…. Тој вели дека нивната татковина е Чамерија.

По два круга разговори меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Албанија, грчкото Министерство за надворешни работи „категорично“,  кон крајот на јануари, ги отфрли изјавите на албанските официјални претставници дека прашањето на Чамите било вклучено во разговорите.