Неколку стотици луѓе се собраа денеска пред Собранието на протест против најавеото усвојување на Законот за употреба на јазиците.

Продолжението на 32 собраниска седница за трето читање на Законот за употребата на јазиците и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е закажано за 13 часот.Претседателот Ќорѓе Иванов одби да го потпише указот за усвојување на Законот.

Во моментот, како што пренесоа некои медиуми во тек е средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со парламентарниот спикер Талат Џафери околу начинот како да се одвива седницата и заможноста законот да биде усвоен.

Мицкоски вчера најави дека пратениците нема да ги повлешат амандманите за Законот и бараат расправа.

Пред Собранието има видливо полициско обезбедување, а дел од насобраните извикуваа „Туѓо не сакаме, своето не го даваме”, „Уа, прдавници“ а се пее „народе македоснки…“

Улицата пред Собранието п е затворена за сообраќај.

Во моментов седницата на Собранието започна…