Македонската машка ракометна репрезентација за седум дена, на 15. јуни игра кај Украина во Суми, а тоа може да биде клучен натпревар во квалификациите за Европското првенство. Со победа во Украина ние би биле на само получекор до нов пласман на континентална завршница зошто на 18. овој месец го завршуваме циклусот со средба дома против Чешка.

“Би сакал да славиме веќе на првиот во Украина и на тој начин да направиме огромен чекор напред кон ЕП, мислам дека тоа ќе биде многу подобро за сите отколку се да се решава во последниот натпревар со Чешка”, вели нашиот селектор Раул Гонзалез кој без ден одмор се трансформира од тренер на Вардар во селектор на Македонија.

На почетокот од подготовките недостасуваат неколкумина важни играчи (Лазаров, Ристовски, Талевски, Манасков и Миркуловски) и ќе дојдат дури во финишот на оваа седмица, штп претпоставува дека ние на подготовките ќе бидем компелтни само неколку дена. За да биде најсликовито, каква е нашата позиција во групата 4 од квалификациите за настанот што ќе се одржи следниот јануари во Хрватска, најдобро говори табелата.

Табела-Група 4:

ЧЕШКА              4(+10)

МАКЕДОНИЈА     4(+3)

ИСЛАНД             4(-5)

УКРАИНА            4(-8)

Првите две селекции одат на завршниот турнир, а при ист број бодови ќе решаваат меѓусебните мечеви и потоа вкупната гол разлика