Македонската женска ракометна репрезенатција го загуби и вториот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Германија во декември годинава. Шведска во истад беше убедлива со нас во реваншот со 46-27 што со скопските 31-20, исто за Скандинавките,  направи огромна разлика од 30 голови. Најдобри поединки кај нас беа Бајрамовска и Ристовска со по 6 гола, а во мечот Санд со 8 погодока.

По двата тешки пораза Македонија и натаму отсуствува од големите женски ракометни репрезентативни натпреварувања, а ова е веќе петто такво. Последен пат игравме на ЕП во Србија во 2012. година и од тогаш пропуштаме два Европски и три Светски шампионати.