Ако ве мачи проблемот со испуканите пети, пробајте го овој ефикасен домашен третман кој значително ќе ја омекне сувата и испукана кожа.

Три супени лажици со сув цвет од рузмарин ставете во 400 милилитри врела вода и оставете да отстои околу пет минути.

Во друг сад ставете ладна вода и најизменично ставајте ги нозете прво во едниот па во другиот сад започнувајќи од топлата купка, а завршувајќи со садот со ладна вода. Постапката повторувајте ја се додека не се олади топлата купка со рузмарин.

На крајот намачкајте ги петите со хидратантна крема и облечете памучни чорапи.

Истата постапка е многу ефикасна и доколку имате проблем со непријатна миризба на стапалата.