Роденден во најтесниот круг на “фамилијата” (галерија)

Синоќешната прослава на 27. роденден на ВМРО ДПМНЕ и 124 години од формирањето на историското ВМРО мина во мирен амбиент и без многу помпа, а пред Музејот на народната борба во Скопје забележливо беше отсуството на голем број гости кои минатите години беа задолжителен декор на ваквите прослави во минатите години кога партијата беше на власт. Настрана што не беа видени и “видни” политичари од самата партија во последните десет години.