Мисијата на САД во ОН го информираше генералниот секретар дека САД го суспендираат учеството во Светскиот пакт за мигрантите, се вели во изјавата на администрацијата на Трамп.

Доналд Трамп вчера одлучи да ги повлече САД од Договорот за мигранти и бегалци на разочарување на приврзаниците на мултилатерализмот.

Во септември 2016 година, 193 членки на Генералното собрание на ОН едногласно усвоија текст наречен „Декларација од Њујорк“ за бегалците и мигрантите која има за цел во иднина да се подобри нивната положба, (прием, помош при враќање) на меѓународно ниво.

„Декларацијата на Њујорк вклучува неколку одредби кои се во спротивност со американската мигратска и бегалска политика и со принципите на администрацијата на Трамп околу миграцијата“, соопшти американската мисија во ОН, без да наведе кои се тие одредби.

Како резултат на тоа, претседателот Трамп одлучи да стави крај на американското учество во подготовката на Пактот кој треба да биде усвоен со консензус во ОН во 2018 година.