Саудиска Арабија има намера да изгради мегаград во кој ќе инвестира 500 милијарди долари под покровителство на принцот Мохамед бин Салман. Тој треба да биде дел од реформскиот пакет за враќање на „умерениот ислам“ во земјата.

Во вторникот, Салман откри детали од проектот: градот ќе се вика Неом и ќе се наоѓа на северозападниот брег на Црвеното Море.

„Во Неом сакаме да создадеме нешто ново … собираме иноватори од целиот свет за да го создадеме“, рече Салман на инвестициската конференција во Ријад.

Градот, кој според плановите ќе се прошири до Египет и Јордан, ќе покрие 26.500 квадратни километри. Саудијците, исто така, имаат намера да изградат „прекрасен нов мост“ меѓу Египет и Саудиска Арабија, кој ќе ги „поврзува Азија со Африка“.