Села прашува дали е Заев уценет, и ДУИ не остана покусо

 

Како наближува вториот круг од локалните избори така расте тензијата меѓу владините коалициони партнери.

И покрај тоа што премиерот Заев рече дека е легитимно што на локално ниво СДСМ решил да го поддржи ДУИ а Села да оди со БЕСА, Алијансата на Албанците натпреварот за градоначалничките места го вжешти со нови обвинувања.

Високи претставници на АА на социјалните мрежи почнаат да прашуваат дали Заев е уценет и објавуваат фотографија на која што е направена пресметка во која според броевите се надзира нова владина коалиција во која би влегле 51 пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, 10 пратеници на ДУИ, двајца пратеници на ДПА и уште еден пратеник за кој што не може да се каже од која партија е.

Практично Алијансата тврди дека Заев е уценет од ДУИ да им  даде поддршка на нивните градоначалници затоа што во спротивно Ахмети може да ја напушти владата и да влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ.

Како контраодговор на ДУИ на социјалните мрежи излегоа информации за наводна средба на екс шефот на УБК Сашо Мијалков со лидерот на БЕСА Била Касами во едно скопско кафуле.

Засега нема никаква потврда за ниту една од овие информации кои што кружат на социјалните мрежи.

Зијадин Села кој што е лут на премиерот за поддршката на ДУИ преку неговите медиуми пласира и дел од интервју на Заев во кое тој вели дека партијата на Ахмети е инволвирана во криминал и дека тоа мора да се расчисти.

Во коментарот на Села за видеото се вели „Видете што зборел Заев за ДУИ а сега ги поддржува. Срамота!!!!“

 

https://www.facebook.com/100005661526021/videos/763627457169298/