Во завршните зборови изнесени денеска Јавното обвинителство се произнесе за обвинетите во случајот “Диво Насеље” и смета дека сите се виновни за тероризам. Според обвинителот, обвинетите имале за цел да го заплашат народот. Oбвинетите, пак, не сакаа да ги слушнат завршните зборови на обвинителот. Според нивната одбрана тие не сториле дело тероризам.

Еден од обвинетите, Бајрам Елшани, рече дека тој ќе ја открие целата вистина за случајот во неговиот завршен збор.

На вкупно 37 обвинети им се суди за тероризам и здружување терористичка организација. Во “Диво Насеље” во Куманово во мај пред две години загинаа осум полицајци, а повеќе од 30 беа повредени, убиени беа и 10 припадници на вооружената група.