Сорос префрлил 18 милијарди долари во неговото „Отворено општество“

Во последниве години,  Фондацијата се соочуваа со критики од владите на Унгарија, Русија, Полска, Македонија, Романија и Израел, каде што се смета дека го поткопуваат нивниот авторитет.

Со оваа донацијата Фондацијата Отворено општество станува втора по големина филантропска донаторска група во САД по Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Основано пред повеќе од 30 години, „Оотворено општество“ промовира демократија и човекови права во повеќе од 120 земји. Во последниве години, организацијата го зголеми своето внимание на САД, инвестирајќи во програми за заштита на геј и лезбејки и намалување на злоупотребите од страна на полицијата во САД, пишува „Њујорк таијмс“.

Фондацијата веќе контролира милијарди долари, а бројката „одразува тековен процес на трансфер на средства кој е во тек веќе неколку години“, изјавила портпаролката на „Отворено општество“ , Лаура Силбер.

Џорџ Сорос (87),  „планира да го остави поголемиот дел од своето богатство на Фондацијата Отворено општество”,  додаде таа.

Отвореното општество функционира на глобално ниво и поттикнува „градење енергични и толерантни демократии”. Досега за таа цел са дадени над 14 милијарди долари од кога беше основана во 1979 година, според податоците објавени на веб-страницата на Фондацијата.

Сорос, кој е роден во Унгарија, во 1992 година направи огромен профит на берза од преценетата британска фунта.

Тој е гласен поддржувач на либералните вредности и минатата година беше контрибутор во Super PAC, групата која ја финансираше поддршката на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

Со околу 40 милијарди долари, само Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс сега е поголема од „Отворено општество“

Според „Форбс“ богатството на Џорџ Сорос е околу 23 милијарди долари.