Спарнина во Македонија-пијте повеќе течности

Денешните температури во нашата земја не се на нивото од претходните денови кога таа се искачуваше до 30. степен, но спарнината што ги следи денешните 20-27 Целзиуси го прави денот тежок за повеќето. Овде особено се подложни луѓето со кардиоваскуларни болести за кои е препорачливо да ја користат препишаната терапија и да се држат до препораките од своите лекари.

За останатите медицинарите препорачуваат избегнување на тешка исхрана и зголемено внесување на количеството вода, можеби и за два пати.