Според Клинтон, Трамп победил поради велешките фарми

Во интервјуто за американските медиуми  несудената претседателка на САД Хилари Клинтон ги обвини велешките хакери и Русија за нејзиниот пораз на изборите во ноември.

Хилари Клинтон во интервјуто вели дека една од причините за поразот се велешките фарми но не за животни туку за содржина.

“Кој им кажал да го сторат тоа. Кој им кажал какви пораки да објават? Со кого тие се координирале или со кого соработувале?Затоа што русите историски во последните декади а и сега спроведуваат кибер напади и тие крадат голем број информации коишто ги користат за внатрешни цели, за да влијаат на пазарите, да ги ослабат разузнавачките служби, итн. Значи ова е различно затоа што стана јавно и тие продолжија со претворање на информацијата и содржината во оружје и тие продолжуваат… Знаете ги има сите тие приказни за момчиња, таму преку во Македонија кои што ги водат тие лажни сајтови за вести. И јас ги гледам сега и вие седите таму и тоа изгледа како да е некој вид на операција на Си Ен Ен со низок квалитет“, изјавила Клинтон на интервјуото за американската програма рекоде.нет

Ткн. „Фармите на содржина“, или „Content farms“  генерираат огромна  количина на пишан материјал кој е специфично дизајниран за да ги задоволи алгоритмите со цел текстовите да бидат максимално застапени во резултатите на пребарувачите. Еден од главните проблеми на овој вид фарми е што написите генерирани од нив се со  многу низок квалитет, често имаат судир со авторски права а сепак имаат висока рекламна вредност односно голем број на луѓе ги следат на интернет и социјалните мрежи.

Најчесто се работи за компании кои што имаат вработено огромен број на слободни автори кои што се обидуваат да доминираат на пребарувачите на интернет.

Американските медиуми уште лани објавија дека кампањата на Трамп е помогната од хакери во Велес кои што на интернет пласирале огромен број на информации поврзани со двајцата кандидати. Информациите за Трамп беа позитивни додека тие за Клинтон во најголем број беа исполнети со нејзините афери и нејзините слабости, во дел од нив медиумите во САД наоѓаа таканаречени лажни вести.

По зборовите на Клинтон за Македонија на Твитер реагираше  и портпаролот на Белата Куќа Шон Спајсер кој побара америакнците да се замислат како Хилари би барала поддршка од НАТО и ЕУ за воздушни напади врз Македонија.