Стресот од спорот со името, Грците го лечат со повеќе секс

Желбата на Грците за секс се зголемила во последните неколку месеци, покажувало истражувањето на грчкиот Андролошки институт, пренесува дописникот на МИА од Атина.

Тема број 1 во Грција се разговорите за името на северниот сосед, а тоа влијаело на сексуалниот живот на Грците. Агонијата, стресот од преговорите  и патриотизмот Грците ги „лекувале“ со повеќе секс од претходно.

Политичката страст имала директно влијание врз страста за сексуален живот „бидејќи двојно се зголемиле еротските контакти, а сексот во многу случаи бил многу подив од друг пат“, пренесува  МИА повикувајќи се пишувањето на грчки медиуми.

Претходните истражувања на Институтот, покажувале дека сексуалните контакти на Грците биле, во просек, шест пати месечно, но во последните „жешки месеци“ расположението за водење љубов се зголемило – на 12 пати месечно, пишува АНА-МПА која се повикува на изјава на Христос Флиатурис, хирург-уролог и соработник на Институтот,

Тој ја отфрла можноста дека се работи за статистичка грешка во анкетирањето на 1000 лица, пренесува МИА.