На крајот од сезоната најдобрите екипи од стариот континент кои во текот на годината или во претходните неколку, имале меѓусебен бизнис односно купување и продавање на играчи, ги израмнуваат сметките. Тоа се оние делови од договорите во кои некој од тимовите, а по правило тоа е продавачот, добива бонус. Најголемиот за кој до сега сме чуле ќе го исплати Јувентус кој на Челзи за Хуан Квадрадо ќе му даде дури 20 милиони евра.
Според менаџерите на Колумбиецот во летото 2015. година бил отстапен во Торино за пет милиони и тоа на три години, но со клаузула дека во случај да игра, а Јуве да освојува титули, што и се случи, Челзи да добие 20 милиони евра. Чуден договор, но негде може и да се појави логика особено ако Челзи го земе годинава поранешниот напаѓач на Јуве, сега член на Реал, Алваро Мората.