450 писма испратија учениците од средното училиште IKSO од Дендерлеув, Источна Фландрија, до кабинетот на државниот секретар за азил и миграција, Тео Франкен, протестирајќи против заканата за протерување на нивниот соученик Ардијан Нухији и на неговото семејство.

Адријан, кој е од Македонија, со своето семејство веќе осум години живее во Белгија. Кон крајот на февруари, неговата мајка и баба беа уапсени и одведени во притвор со цел да бидат депортирани. Адријан, неговиот татко и неговата сестра, ученичкат во училиштето Карел де Гроте во Антверпен, оттогаш не се видени.

Со години, семејството Нухији апликацира  да добие дозвола за престој.

„Тие живеат во Белгија веќе осум години, многу инвестираа во својата иднина“, вели наставничката на Адријан, Мике Де Неве, која потенцира дека семејството е „пример за успешна интеграција“.

„Зборуваат совршен Холандски јазик и активно учествуваат во општествениот живот“, објаснува таа.

Наставничката на Адријан е упорна дека „постапката мора да биде разгледана, скратена и похумана. Нечовечно е да се враѓаат луѓето назад во земјата што тие повеќе не ја познаваат и во  која станаа странци…се надеваме дека Адријан наскоро ќе може да се врати на училиште“.