Најдобрите македонски фудбалери уште вчера завршија со кусите подготовки овде и денеска заминаа за Израел каде ќе има време за нови тренинзи пред новиот, седми натпревар од квалификациите за Светското првенств. До сега не сме добри, но сликата и оценката може да се сменат во последниот дел од натпреварите во групата Г. Затоа за саботното соочување во Хаифа имаме сосема доволно мотиви.

„Ако сите го дадеме максимумот нема причина да стравувуваме, напротив, мислам дека ќе бидеме близу до посакуваното. Овие два меча против Израел и Албанија нека бидат пресвртница за нас во позитивна смисла. Ако некој тоа го посакува и заслужува тоа сме ние во тимот“ рече пред заминувањето Бобан Николов од Вардар кој е во одлична форма летово.

Натпреварот Израел-Македонија е во сабота во Хаифа од 20.45. За нас тоа е седми настап во овие мундијалски квалификации во кои остваривме само една победа. За три дена во нашата конкуренција Г, во исто време ќе играат и Шпанија-Италија и Албанија-Лихтенштајн.

Инаку овој септемвриски циклус квалификации содржи две кола, а започнува утре кога на програмата се дуелите во:

Група А: БУГАРИЈА-ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА-ХОЛАНДИЈА и ЛУКСЕМБУРГ-БЕЛОРУСИЈА. Група Б: ПОРТУГАЛИЈА-ФАРСКИ ОСТРОВИ, БЕЛГИЈА-ГИБРАЛТАР и УНГАРИЈА-ЛЕТОНИЈА                                                                                                                 Група Х: КИПАР-БОСНА, ШВАЈЦАРИЈА-АНДОРА и ГРЦИЈА-ЕСТОНИЈА.