Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, вели дека македонски профили се обиделе да влијаат на исходот од минатогодишните избори за Сенатот во Алабама.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ објавено денеска, фокусирајќи се на скандалот со „Кембриџ аналитика“ и несоодветното добивање податоци од 50 милиони сметки на платформата на социјалниот медиум, Цукерберг рече дека „Фејсбук“ минатата година применувал мерки за да се спротивстави на ширењето лажни информации во изборната трка.

„Ние распоредивме нови А.И. алатки за да се идентификуваат лажни сметки и лажни вести и пронајдовме значителен број на македонски профили кои се обидуваа да шират лажни вести и успеавме да ги отстраниме“, изјави Цукерберг за весникот. „И тоа, всушност, е нешто што за кое не сум зборувал јавно досега, па вие сте првите луѓе на кои им кажувам околу тоа“.

Цукерберг не спомна какви лажни вести се обиделе да шират странските сметки или што направиле новите мерки за да се спротивстават.

Демократскиот кандидат Даг Џонс, поранешен американски адвокат, тесно го победи републиканскиот кандидат Рој Мур, поранешен шеф за правда на Алабама, на специјалните избори на 12 декември. Трката привлече меѓународно внимание и десетици милиони долари во државата Алабама. Џонс стана првиот демократ кој победи на изборите за американскиот Сенат во Алабама во последниот четврт век.

Кајла Мур, сопругата на Рој Мур, во својата денешна изјава рече дека македонските обиди се „вест за нас“.