Четвртиот Џемс Бонд замина во историјата

По долготрајна борба со карцином, во 89-та година од својот живот почина легендарниот британски глумец сер Роџер Мур, најпознат по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, јави Би Би Си.

Роџер Мур кој за своите улоги од британската кралица беше именуван за Сер, беше четврти актер кој што улогата на најпознатиот британски шпион ја изигра во седум официјални Бонд фимови, подеднакво како и сер Шон Конери. Првиот филм во кој Мур го глумеше Бонд беше „Живеј и остави да живеат“ од 1973 година, а последниот беше „Поглед кон убиство“ од 1985 година.

Пред Мур улогата на Џејмс Бонд ја толкуваа Шон Конери, Дејвид Нивен и Џорџ Лазенби а Мур го наследија Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег.

 

Покрај оваа улога, Мур беше познат и по улогата на Сајмон Темплар во ТВ серијата „Светец“, која што потоа го лансираше на светската сцена.