Мухамед Ибрагимов (28) почнал со бодибилдинг кога имал само 17 години, а по трансформацијата на телото почнал неверојатно многу да наликува на младиот Арнолд Шварценегер.

Почнал да учествува во разни натпревари и ги восхитувал неговите фанови со сличноста со легендарниот градител на телото.

Големите мускули, неговата фризура и црти на лицето се многу слични на оние на Шварценегер.

Во 2013 година Мухамед учествувал на натпревар бодибилдери во Бразил, каде што се запознал со Арнолд кој забележал дека младиот бодибилдер како да е негов „клон“.