Чоколадниот куглоф е вкусен колач кој добива на квалитет ако во смесата додадете цели лешници и парчиња чоколадо.

Состојки:
-3 јајца
-200 гр шеќер
-1 пециво
-1 ванилин шеќер
-1/2 чаша зејтин
-1/2 чаша млеко
-2 чаши брашно
-2 лажици какао

Подготовка:

Јајцата и шеќерот убаво се матат додека не се добие смеса како шлаг, а потоа се додаваат сите други состојки (освен какаото) и тоа една по една со постојано матење. Се подмачкува садот за печење (калап за куглоф) и се става скоро целата смеса. Мал дел од смесата се остава и во неа се додава какаото. Белата смеса ставете ја во рерна на 200 степени и за 2-3 минути извадете го садот и додадете ја смесата со какаото. Потоа оставете го колачот да се допече уште половина час. Дали тестото е готово можете да проверите со чепкалка, доколку не се залепи тестото е печено.