„Шарена револуција“ и во Косово, Владата гаѓана со боја

Протест на Албанци денеска немаше само во Скопје, туку и во Приштина, каде што, во стилот на „Шарената револуција“ во Македонија минатата година, зградата на Владата на Косово беше гаѓана со (црвена) боја.
Приштинскиот протест го организира движењето „Самоопределување“, одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на неговиот активист Астрит Дехари во затворот во Призрен под сомнителни околности. Таму 26-годишниот студент се наоѓаше во притвор од август 2016 година како осомничен за тероризам.
По аутопсијата канцеларијата на призренскиот обвинител соопшти дека смртта настапила поради задушување, а не од предозираност, како што се тврдеше претходно.