Шеќеринска со порака до Русија преку „Гласот на Америка“

 

Во интервју за радиото „Глас на Америка“ на македонски јазик меѓу другите теми министерската за одбрана Радмила Шеќеринска зборува и за односите меѓу Македонија и Русија.

На прашањето дали владата е загрижена поради руското влијание во Македонија таа вели дека приоритет на владата е „да допре и да изгради односи со други земји“.

„Како и да е нашата порака до нив, вклучително и до Руската Федерација е дека додека ние сме заинтересирани за блиски билатерални односи, стратешките одлуки на крајот ќе дојдат од македонските институции и од граѓаните на Македонија“, вели Шеќеринска која смета дека НАТО има огромната поддршка  меѓу граѓаните.

Во интервјуто Шеќеринска вели дека за битка против ИСИС потребна е размена на информации меѓу државите а Македонија може да помогне во битката.

Според неа новата влада сега ги рефокусира институциите  кои што треба да се борат против заканите од овој вид затоа што досега тие биле злоупотребувани и наместо да ја работат својата работа тие се користеле за политички задачи – да и наштетат на опозицијата.

Шеќеринска вели дека главните теми каде што се потребни итни реформи на кои работи владата се слободата на медиумите, граѓанското општество, владеење на правото и судските реформи. Се работи за крупни задача но Македонија мора да покаже дека сме сериозни за влез во НАТО, вели Шеќеринска.

Посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на средбата во Подгорица каде што Македонија е ко – домаќин е важен сигнал дека САД како најважен стратегиски партнер и главен играч во НАТО го гледа Западниот Балкан како зона која тие можат да ја поддржат и да инвестираат во неа, смета министерката за одбрана.