Шилегов доби искрен аплауз во Атина (ВИДЕО)

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се наоѓа во Атина, каде со колегата од грчката метропола Јоргос Каминис разговараат за можностите за соработка меѓу двата града.

На заедничката прес-конференција Шилегов прво на присутните им се обрати на грчки јазик, по што доби силен аплауз. Натаму, обраќањето го продолжи на англиски.

Каминис и Шилегов проговорија за локалните избори во нашата земја, на кои скопскиот градоначалник нагласи дека бил избран уште во првиот круг, меѓу осум кандидати, и дека тоа за него претставува уште поголема обврска.

Атинскиот градоначалник рече дека тоа навистина е голема одговорност, но и дека има доволно време да ги направи ветените работи.