Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат уште два натпревара на мундијалот во Алжир и тоа натпревари за пласман од 5 до 8 место што не е за потценување зошто тоа ќе биде наш најголем дострел и мета за следните генерации.

Наш денешен противник е селекцијата на Русија, но пред оваа пресметка со доста проблеми се соочува селекторот Илија Темелковски. Во „аут“ за мечот со „зборнаја“ се бекот Горан Крстевски и кружниот напаѓач Филип Арсеновски, додека неизвесен е и Марко Нелоски.

Крстевски има повреда на рамото, Арсеновски кој не настапи и на дуелот со Франција има повреда на зглобот на ногата, а пак Нелоски игра под инјекции.

Ако славиме со Русија во дуелот од 13.30 в недела ќе играме за петтата позиција со победникот од битката меѓу Тунис и Унгарија, во случај да загубиме ќе се бориме за седмото место.