Јункер: Притисокот не е инструмент што треба да го користиме за името

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер, смета дека не треба да се врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на прашањето за разликите за името на македонската држава, овој пат именувајќи ја како ФИРОМ (ПЈРМ).

„Притисокот не е инструмент што би требало да го користиме. Ги охрабруваме Грците и ПЈРМ да постигнат меѓусебен договор во врска со името. Тие се во процес на преговори, ние не треба да се мешаме“, одговори тој во интервју за „Јуроњуз“ на прашањето „Скопје има долготраен спор со Грција околу името. Во тек се преговори. Каква е улогата на ЕУ во ова? Вршите ли притисок врз нив со цел да најдат решение сега? Гледате ли дека постои моментум?“.

На прашањето, пак, „Грците бараат од нивниот сосед да исфрли какво и да е иредентистичко тврдење од неговиот устав. Го сметате ли тоа за оправдано со оглед на прашањето за границите во целиот регион?“, првиот човек на ЕК со порака: „Не се мешаме во овој преговарачки процес меѓу Грција и ПЈРМ“.