Љубчо Георгиевски: Зошто Софија молчеше 25 години за името

Пранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер, Љубчо Георгиевски, преку Фејсбукк реагираше на изјавите на Румен Радев, актуелниот бугарски претседател и на поранешниот шеф на Бугарската држава Георги Прванов дека „Софија поддржува решение на спорот за името меѓу Скопје и Атина кое нема да вклучува територијални делови од Бугарија и нема да засега трети страни“.

Веројатно испровоциран од изјавите на Прванов и Радев, Георгиевски пишува:

Во последно време зачестија изјави од бугарски политичари и аналитичари дека Бугарија нема да прифати име со географска одредница која ги загрозува нивните интереси.

Овој тип на притисок е непринципиелен затоа што се изнесува по 25 години откако е почнат спорот и влегува во завршница.

Исто така, доаѓа по потпишување на Договорот за пријателство што во Македонија веќе е примен како уцена и наметнат договор, смета Георгиевски.

„Конечно, која било географска додавка, помалку ја загрозува Бугарија од полното име Македонија што тие први во светот ја признаа“ вели Георгиевски и препорачува „нека ги прочитаат аргументите на Грците, важат и за нив“.

На крајот Георгиевски, во чиј премиерски мандат (на 22 февруари 1999 година во Софија) беше потпишана „Декларацијата за пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“ прашува:

„Како тоа 25 години молчат на политиката на грчко монополизирање на името Македонија“.