Што „сте се фатиле за тоа име и за идентитетот, кога сите високо-мислечки луѓе на Запад, во овој 21 век, знаат дека идентитетот е надмината работа (само ве молам не ги прашувајте Грците, Албанците, Бугарите или Србите за нивниот идентитет). Вие сте се фатиле за вашето минато, за историјата, за традицијата, културата, црквата, јазикот, вашите херои и вашите приказни.

Како се осмелувате?

Ова не е начинот на кој треба да се однесуваат вистински Европејци, пишува во саркастичен стил во денешната колумна за „Свест“ Џејсон Мико, долгогодишен колумнист познат на македонската јавност и докажан пријател на Македонија.

Вие велите дека сакате да влезете во нашите клубови, во НАТО и во ЕУ?  Тогаш однесувајте се како што прилега – отстранете ја оваа една пречка која ве држи надвор од НАТО и од ЕУ., пишуав Мико и продолжува:

„Отстранете се себеси. Вашето име. Вашиот идентитет. Вашата иднина како Македонци во Република Македонија. Престанете да се нарекувате Македонци и во било кои други земји.

Мислевте дека ќе можете да ги пренесете вашето име и идентитет на вашите деца, внуци и на идните генерации? Тоа е многу затуцано. Терба да живеете тука и во сегашноста. „Јади, пиј, биди весел, зошто утре ќе умреш“.  Нема што да се секирате за иднината, а особено не за идните генерации. Будалчиња. Нема да има утре. А сигурно нема да има ништо по смртта, без оглед колку вашата мала црква ви вели поинаку.

Точно, повеќето од нас кога кажуваат вакви работи не користат толку брутални изрази. Но, честопати во нашите пораки доаѓаме многу блиску до целта.  Како и да е, нашата порака е јасна: Вие, Македонците кои упорно инсистирате и понатаму се нарекувате Македонци и кои сакате Македонија да остане Македонија, вие сте дел од проблемот, а проблемот мора да се реши по секоја цена.

Прашањето што се поставува сега е дали вие, Македонците и пријателите на Македонија, дали ќе дозволите да се случи ова? Дали ќе дозволиме да се сменат македонското име и идентитет? Бидејќи, на крајот на краиштата ова прашање зависи од сите нас.

Еден мој македонски приајтел кој живее во Австралија неодамна коментираше на Твитер за Владимир Глигоров, синот на првиот македонски претседател Киро Глигоров. Тој посочи дека помладиот Глигоров во одреден момент во минатото се „прекрстил“ (така тој вели) во српскиот идентитет. Владимир Глигоров пораснал како Македонец, но ако ја погледнете неговата биографија ќе видите дека тој се претставува како Австриец по националност, а за мајчин јазик вели дека тоа е српско-хрватскиот (ова особено може да ги изнервира и Србите и Хрватите). Со ова се поставува важно прашање:

доколку елитите успеат да го сменат вашето име и идентитет, дали вашиот идентитет како Македонци ќе избледне со текот на времето? Дали ќе дозволите тоа да се случи? Или ќе застанете и ќе се борите против тоа? Дали ќе ветите, сега и тука, дека ќе го зачувате, заштитите и браните својот идентитет како Македонци и идентитетот на Македонците кои допрва ќе се родат? Ќе го сторите тоа?“

Целата колумна на Џејсон Мико тука.