14/03/2001 – 14/03/2018, коинциденција или провокација

Голем број на корисници на социјалните мрежи денеска реагираат на социјалните мрежи реагираат за датумот на кој е закажана седницата на Собранието на кој што ќе се одлучува за Законот за јазици.

За дел од граѓаните 14 март е одбран од страна на спикерот Талат Џафери затоа што на тој ден во 2001 година започна воениот конфликт од пошироки размери а сегашниот спикер на парламентот беше дел од тогаш терористичката ОНА.

Имено на овој датум пред 15 години во Тетовско започнаа сериозни престрелки меѓу ОНА и македонската полиција што се смета за неформален почеток на конфликтот во Македонија.

За други граѓани спикерот на парламентот немал никаква намера да провоцира туку се држел до роковите согласно деловникот на Собранието.

Според нив во датумот 14 март нема никаква симболика и поврзаност со 2001 година затоа што војната во Македонија започнала со нападот на полициската станица Теарце во февруари 2001 година а не со нападот на полицијата во Тетово.