Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, во синоќешното гостување на Топ Тема рече дека најголемиот број на новозабоелни регистрирани во Скопје се членови на исти фамилии.

„Во Скопје имаме 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од бројот на новозаболени во градот. Но, ситуацијата ја имаме под контрола, ги знаеме кај се, рече Зибери.

Според статистичките податоци, рече Зибери најголемиот број од новозаболените се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.

Празничните денови на крајот на минатиот месец секако дека дополнително влијале на зголемувањето на бројот на новозаболени, оцени Зибери во гостувањето на Телма.

SHARE