16 сојузни држави го тужат Трамп

Коалицијата на 16 американски држави предводена од Калифорнија започна правна акција против администрацијата на Доналд Трамп поради неговата одлука да прогласи национална вонредна состојба со цел да се финансира ѕидот долж границата со Мексико.
Тужбата беше поднесена во понеделникот во окружниот суд на во Калифорнија, откако Трамп во петокот се повика на вонредни овластувања, кога Конгресот го одби барањето за 5,7 милијарди долари за ѕидот.

Неговиот потег има за цел да му дозволи да потроши пари доделен од Конгресот за други цели.
Го тужиме претседателот Трамп за да го спречиме самостојно да ги ограби средствата на даночните обврзници, изјави обвинителот на Калифорнија Гзавије Бесере.

SHARE