1ТВ има нов газда

Богдан Дамјановски од Скопје е нов сопственик на 1ТВ со наследен долг од речиси 400.000 евра, дознава „Фокус“.

Дамјановски не и е многу познат на јавноста барем во бизнисот со медиуми.

Во мај 2003 година Дамјановски се понуди да ја преземе ФАС „11 Октомври“ , кога понуди најмногу пари, околу 12 милиони евра.

Богдан Дамјановски, малку познат на македонската јавност е роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Ова е човекот којшто во Управата за јавни приходи се легитимирал како нов сопственик на телевизијата 1тв.

SHARE