На Фејсбук страницата на некогашната 1ТВ осамна статус во кој се вели дека во наредните денови ќе бидат објавени имињата на сите оние кои, како што се вели, стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски.

„Ја известуваме јавноста дека во наредните неколку денови ке ѓи објавиме сите факти и докази зошто само Бојан Јовановски се наоѓа во ефективен притвор, иако се наоѓа во лоша и ризична здравтвена состојба, имено ке ѓи објавиме сите медицински наоди и известувања од сите доктори, специјалисти и суб-специјалисти и нивните строги препораќи за негово лечење. Воедно ќе ѓи објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски! Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот “Рекет”, уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство. На денешното сведочење од страна на обвинителката Лиле Стефанова јасно се виде дека првообвинетиот Бојан Јовановски не учествувувал во никакви дејствија кои му се ставаат на товар, јасно беа посечени имињата на лицата кои вршеле притисок и влијание за случајот “Империја” таа спомена судии, политичари, обвинитили, бизнисмени, нарекувајќи ги “разни емисари”, пишува на Фејсбук страницата.

Исто така, обвинителката Стефанова јасно ставила до знаење дека со Бојан Јовановски немала никаков контакт се вели во објавата на Фејсбук.

Ова е фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот предмет "Рекет". Ја известуваме јавноста дека во наредните…

Posted by 1tv.mk on Monday, January 27, 2020
SHARE