Француските бискупи го одобрија планот за исплата на обесштетување на жртвите на сексуална злоупотреба, чии сторители се свештеници на Римокатоличката црква.

Ќе бидат издвоени пет милиони евра на независна комисија која ги истражува случаите на сексуална злоупотреба во Франција и која ќе работи на спречување на вакви случаи.

Со плаќање на надоместок на жртвите, ќе бидат признаени нивните страдања, но и молкот, небрежноста, незаинтересираноста, недостатокот на реакција, лошите одлуки и нефунккционирањето на системот на Црквата, објави АП.

Премногу рано  е да се зборува за точниот број на жртви. Независна комисија која го испитува бројот на жртви објави дека од јуни се пријавиле 2.800 лица.

Секое лице за кое ќе биде уттврдено дека е жртва има право на паричен надомест, а Црквата ќе бара донации за оваа намена.

Според податоците на „Медијапарт 2016“, во текот на изминатите 50 години, имало 342 пријавени случаи на злоупотреба, сокриени од француските епископи во Франција и во странство.

Според АП, се верува дека најмалку 34 свештеници учествувале во злоупотребата.

SHARE