Двесте грчки пратеници ќе поддржат договор со Скопје – само ако…

Поддршка од дури 200 пратеници би можел да добие договорот околу прашањето за името во грчкиот парламент доколку тој биде одржлив и ефективен и доколку северниот сосед го исполни и барањето да го смени својот устав.

Грчкиот весник „Катимерини“ потсетува дека Европска комисија побарала мнозинството потребно грчкиот парламент да го ратификува кој било договор склучен со Република Македонија да се зголеми на 180 гласови (наместо 151 од 300 пратеници), со што би го поддржале три петини од пратениците.

Авторот на статијата забележува дека со ова се врши директен или индиректен притисок и опозицијата да го поддржи таквиот договор, зошто покрај владите во Скопје и во Атина и „опозициските партии, исто така, имаат улога и одговорност, како експоненти на значаен дел од двата народа и како потенцијални идни влади“.

„Катимерини“ подучува дека главната опозициска партија во Грција, Нова демократија на Кирјакос Мицотакис, би можела да гласа за договорот, но само откако ПЈРМ ќе го промени својот устав во преодниот период и кога сите услови поставени од Атина би биле целосно исполнети.

Дотогаш и доколку договорот предвидува преоден период и зависи од внатрешните процеси во седната земја – избори, референдум – тогаш неприфаќањето во почетокот на договорот од Нова демократија „би можело да функционира како заштитна мерка за грчката страна“.

Ако Скопје исполни сè, мнозинството во грчкиот парламент во второто гласање би можело дури да надмине 200 гласа, задоволувајќи ги не само потребите на двете земји, туку и на секоја искрена трета страна.

 

SHARE

Comments are closed.