Архива за: 07.08.2025

Скок на инфлацијата на 4,8% – во јули се живо поскапело

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 %, а индексот на цените на мало бележат раст од 5,3 %. На месечно ниво во јули инфлацијата е зголемена за 1,1% додека цените на мало за еден месец пораснале за 3,1%.

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци, земјоделството останува приоритет на Владата

Денес се исплатени над 407 милиони денари кон близу 8.000 земјоделци кои што се во нашата евиденција. Имено, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци од подмерка 1.7, односно за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, истакна на денешната прес конференција министерот за змјоделство, […]

Централната банка на Албанија ги зголеми девизните резерви на 6,7 милијарди евра на крајот на јуни

Централната банка на Албанија продолжи да ги зголемува девизните резерви во текот на првата половина од 2025 година. Според статистиката на Банката, на крајот на јуни, девизните резерви на земјата се зголемиле на 6,7 милијарди евра, или 7,4 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Девизните резерви на земјата се управувани од Банката и […]

Драматичен финиш: ШК Алкалоид повторно Шампион, ШК Мулти Есенс непоразен до второто место!

Во трилер-завршница, која ги изненади и најголемите оптимисти, ШК Алкалоид во последното седмо коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3 : 3 успеа да стигне до својата 27. титула, сметано од 1992 година до денес, при што тринаесетта во низа. Ждрепката сакаше најтрофејниот шаховски колектив на Македонија токму на крајот да игра […]

Родителите ќе платат околу 10% помалку за училишната кошничка

Во периодот од 15 август до 15 септември, а со цел спречување на растот на цените на училиштниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, Владата донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на […]

Сиљановска-Давкова ги прими виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими британските уметници, виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева, коишто вечерва ќе настапат на британската вечер, во рамки на 65. издание на Охридско Лето. На средбата во вила Билјана во Охрид присуствуваа и директорот на фестивалот Ѓорѓи Цуцковски, како и Клер Сирс, директорка на Британскиот Совет. Истакнувајќи дека имаат чест […]

Америка најави 100% царини на чипови – гигантот „Епл“ ослободени од новите давачки

Глобалната побарувачка за компјутерски чипови расте, а продажбата е зголемена за 19,6 отсто во годината што заврши во јуни, според Светската организација за статистика на трговијата со полупроводници.

To top