Архива за: 11.11.2025

Демири: Вистинска реформа во ДУИ ќе има само кога ќе заврши култот на „Врховниот лидер“ Али Ахмети, кој стана симбол на застој!

„Наместо да го запре своето паѓање, ДУИ ги менува партнерите како маски на карневал. На парламентарните избори беше со ‘Европскиот фронт’, на овие локални избори со Националната алијанса за интеграција, а утре ќе биде со некој трет, што ќе се согласи ДУИ да го држи покрај себе додека паѓа на удолнината.“ – нагласува во својата објава на фејсбук Муамет Демири од Демократското движење на Изет Меџити, во состав на коалицијата Вреди. Демири е моментно и вршител на должноста директор на Центарот за јавно здравје во Скопје.

Ѓорѓиевски: Хиерархиски да одговараат и оние, што овозможија 500 лица да земаат плата без да одат на работа!

За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријави, ако има индиции за злоупотреби во Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во Македонската радиотелевизија изјави дека веќе имале средба со претставници на финансиската полиција, додавајќи оти не може да даде повеќе информации во интерес на истрагата.

Стопирани парите од европските фондови за земјоделците, ќе се истражува злоупотреба

Од митото на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството жртва земјоделците. Во незавидна позиција се и фирмите и физичките лица. Засега нема да ги добијат одобрените пари до ИПАРД програмата за развој на нивниот бизнис.

Расте бројот на туристи во Македонија – од каде идат најмногу странски гости?!

Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8% во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1,4%, додека кај странските има раст од 9,6%.

Лимани не се повлекува: Останувам в.д. градоначалник на Гостивар до изборот на нов на редовни избори!

Валбон Лимани, кандидат за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција на локалните избори, кои во општина Гостивар беа неуспешни, сега се впушта во недозволиви провокации кон Владата на Република Македонија: не само што не се повлекува од позицијата вршител на должноста на градоначалник на Гостивар, на која бил поставен само привремено и на која повеќе нема никаква основа да остане, туку веќе и се заканува дека ќе ги „искористел сите законски средства“, ако „Владата се обидела да го прекрши законот“, именувајќи друг в.д. градоначалник на Гостивар?!

Предвидено е да се изградат 727 нови станови – цената зависи од локацијата

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69.411 квадратни метри. Предвидената вредност на објектите изнесува над 7 милијарди денари, што е за 5,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје само ако САД или други го сторат тоа

Во интервју за руски медиуми, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе спроведе нуклеарни тестови доколку и другите нуклеарни сили започнат со вакви проби, нагласувајќи дека Русија не планира да ги иницира тие.

To top