Архива за: 16.11.2025

Скандал: Светски синџир хотели банкротираше и ги исфрли гостите на улица

Дел од патниците рекле дека имале среќа што престојот им бил при крај, но изразиле загриженост за оние кои платиле однапред и морале порано да заминат. Стив Мегроу изјавил за Business Insider дека резервирал 17 ноќевања во Њујорк за да ја запознае својата внука, но бил избркан од собата.

Внимавајте кога фрлате ѓубре – од утре инспекцијата во обиколка низ метрополата

Инспекцијата во обиколка на Скопје. Граѓаните со поделени реакции по новата одлука на Град Скопје, да се забрани фрлање ѓубре во периодот од 22 до 6 часот. Дел од нив веруваат дека правилото конечно ќе донесе поголема чистота и ред, додека други сметаат дека промената е непотребна.

Земјоделците да не се грижат, се врши контрола на договорите – ќе ја информираме ЕУ за исходот, рече Трипуновски

Одма по акцијата каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Раст на даночни приходи, нови инвестиции и дигитализација – Предлог-буџетот за 2026. во Собрание

Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5% од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се проектирани на 650 милиони евра. За покривање на долгот, планирани се околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница. Економскиот раст за в година се очекува да порасне на 3,8%, а инфлацијата да падне на 2,5%. Ова е историски најтежок буџет и ќе тежи 6,7 милијарди евра.

Колку пари годинава ќе изнесува Регресот за годишен одмор, односно популарниот К-15?!

На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законската обврска за исплата на годинешниот регрес за годишен одмор, оваа обврска ја исполниле повеќе од една четвртина од газдите. Од Управата за јавни приходи велат дека заклучно со 4 октомври, К-15 добиле 137.840 работници.

(Видео): Од следната година ќе се враќаат пари на младите во Македонија

Во делот од Предлог-буџетот за 2026-та, кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата – ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, односно можноста за научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.

Како блокадата на ИПАРД-3 програмата ќе влијае врз земјоделците?!

За ИПАРД-3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

To top