Хакер од Шпанија,во мај и јуни 2018 година пресретнал електронска комуникација на компанија од Македонија и компанија од Италија и испратил лажна фактура со своја банкарска сметка во Шпанија, со што на компанијата од Македонија и нанел штета во износ од 47.953 евра.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против хакерот со иницијали К.А.Р.О.(26) пренесува МКД.мк.

SHARE