Дури 29 струмички фирми кои имале кредити во Еуростандард банка, од кои едната е „Сараинжинеринг“ на Вице Заев, со години не ги плаќале кредитите земени од банката.

Овој податок го изнесе на денешната надзорната расправа во Собранието за пропаста на Еуростандард банка, пратеникот Антонијо Милошоски.

Тој ѝ постави прашање на гувернерката Анита Бежоска Ангеловска дали се знаело за овие 29 фирми со оглед на тоа што од 22 мај Народна банка имала секојдневен надзор на банката.

Според Милошоски, со невраќање на кредитите, овие 29 струмички фирми ќариле 13 милиони евра.

„Зошто тоа сте го дозволиле и дали сте биле навреме информирани“, ја праша пратеникот Антонио Милошоски гувернерката Анита Бежоска Ангеловска.

Собранието ја задолжи Гувернерката на НБРМ сите одговори да ги достави писмено.

SHARE