Триесетмина обвинети за настаните од 27 април (ВИДЕО)

Обвинение против 30 лица за упад во Собранието на 27 април минатата година поднесе денеска Основното јавно обвинителството.

28 лица ќе одговараат за тероризам, а двајцата агенти од УБК кои ги одземаа снимките од безбедносните камери во Собранието, ќе одговараат за помагање.

За тероризам и загрозување на уставниот поредок се обвинети петмина пратеници, но не и пратеничката на ВМРО–ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, за која немало доволно докази.

Против четворица не е поднесено обвинение, зошто се во бегство, пренесе Алсат М.

Државниот обвинител Љубомир Јовески спомена 35 лица поврзани со настаните.