На 30 години затвор е осуден Северин Красимиров за убиството на новинрката Викторија Маринова во Русе во октомври минатата година.

По изрекувањето на пресудата, одбраната на 21-годишниот Красимиров изјави дека ќе ја обжали преудата.

Обвинителството е задоволно со казната, бидејќи тоа е максималнта казна што може да ја изрече судот.

Судот  го уважи и побарувањето на роднините за предизвиканите морална штета и страдање во вкупна вредност од 450 илјади лева.

21-годишниот Северин Красимиров е обвинет за убиството на новинарката Викторија Маринова во октомври минатата година во Русе.

Тој беше проласен за виновен по три обвиненија – блудни дејства, силување и намерно убиство на особено суров и болен начин за настрадаанта.

Извор: Агенција  БГНЕС

SHARE