5.000 кандидати за 650 места во војската на Косово

Заменикот-министер за одбрана на Косово, Агим Чеку, изјави дека на конкурсот за прием на 650 војници, се јавиле повеќе од 5.000 кандидати, а меѓу заинтересираните имало и кандидати Срби.

„Да, конкурираа од сите заедници, се разбира дека има и Срби, рече Чеку за „лајми.нет„.

Повик до косовските Срби да не бидат дел од војската на Косово вчера упати српскиот претседател Александар Вучиќ, објави РТК.(МИА)

SHARE