Песпанските јаболкопроизводители денеска на мирен протест кај местото викано Макази го изразија незадоволството од откупот на јаболката и побараа Итна средба со премиерот Зоран Заев побараа денеска производителите на јаболка од преспанскиот крај, кои денеска два часа го блокираа патот од местото викано Макази кон Претор.

Тие бараат продолжување до 30 јуни 2019 година на интервентната мерка од 3 денари за килограм откупено индустриско јаболко, која важеше до 25 декември лани.

Во магацините и складиштата има над 50.000 тони јаболка или половина од родот од 2018 година.

„Откупната цена е пет до шест денари по килограм јаболка за прва класа и не ги исполнува ниту производствените трошоци, кои за минатата реколта изнесуваат околу 8 денари. Просечна сума од осум денари беа трошоците за 2018 година, бидејќи имаше богат род, други години трошоците биле и поголеми“, изјави Пампулевски, пренесува Прес24.

Преспанските јаболкопроизводители бараат трајно решавање на пласманот со јаболката за во иднина да нема вакви проблеми.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.