На 16 јуни 1943 година,  бугарскиот окупатор стрелаше 12 младинци од селото Ваташа, од кои најмладиот беше дете на 15.годишна возраст.

Откако окупаторската војска и полиција го блокирала селото Ваташа, бугарскиот окупатор извршил претрес низ сите куќи, плевни . Откако не успеале да најдат ниеден партизан, собрале истакнати младинци, барајќи од нив да им ги признаат своите врски и да им кажат каде се наоѓаат партизаните.

Ниту еден од уапсените младинции не сакал ништо да издаде, бугарската окупаторска војска во Македонија, најпрво ги претепала во селската кафеана, а потоа ги стрелала 12 младинци.

Беа стрелани во месноста Моклиште, Кавадаречко.
Колежот го извршила бугарската воjска и одреди полиција, под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.