Блокирана Антикорупциската комисија

Партиите ни ја минираат работата – не затрупаа со предмети, велат од Антикорупциска

Партиите сакаат да ја минираат работата на Комисијата за спречување на корупцијата со меѓусебната трка на пријавувања на голем број на случаи на вработувања на блиски на актуелни и поранешни функционери, стравува антокорупционерката Софка Пејовска Дојчиновска.

„ Имаме впечаток дека се натпреваруваат меѓу себе партиите и како да се ставени во погон да ги собираат пдодатоците од претходното и сегашното владеење и кој повеќе информации ќе ни даде.

Во моментов се околу 60, а веќе вчера и завчера имавме списоци од по стотина од двете страни. Ние се најдовме испречени пред оваа цел.

Појавата е алармантна, ендемска како сакате наречете ја“, изјави Пејовска Дојчиновска како една од седумте члена на Антикорупциската комисија во синоќешното гостување во 1ТВ.

Таа стравува дека може да дојде до „заробување“ на Комисијата таа да не може да ја врши вистинската функција, бидејќи станува збор за 400-тини вакви пријави.

SHARE