80 тони македонско јагнешко преку Грција влегле во Бугарија

Дури 80 тони јагнешко месо, увоз од Македонија, што не одговара на бугарските и европските стандарди, се дистрибуирани во продавниците во Бугарија, алармира претседателот на Националната асоцијација за овци и кози Симеон Караколев, дознава БГНЕС.

Од асоцијацијата сигнализирале до министерот за земјоделство и храна и до Бугарската агенција за безбедност на храната, а тие се обврзаа дека ќе ги повлечат количините од трговската мрежа.

Македонското јагне влегува во Бугарија и Европската унија преку Грција, објасни Симеон Караколев. Месото може да се препознае по тоа што е со црвен нечитлив печат за разлика од бугарското кое има син печат..

.Македонското јагнешко е исто така 20 % поевтино“ вели тој.  

Според него „кланницата е во Кавадарци, оттаму месото влегува во Грција, се прегледува од грчки санитарни власти и влегува во Бугарија во три складишта – Софија, Добрич, Пловдив. Досега се увезени над 80 тони“, рече Караколев.

SHARE